Периодов вистински хит кај светските ѕвезди е новиот тренд кога се во прашање женските фризури, а станува збор за таканаречената „стаклена фризура“.
Тамара Тодевска е дама која ги следи ваквите трендови, а бидејќи за нејзиниот изглед се грижат професионалци, таа веднаш доби нов тренди изглед.
Имено, мама Тамара на социјалните мрежи објави фотографии од новиот изглед кој одлично и прилега. Познатите секогаш се оние кои ги внесуваат трендивите кај останатиет, а веруваме дека оваа фризура иако не е некој новитет, периодов доаѓа на „голема врата“.
Па така, ако сте подготвени за промена, тогаш консултирајте се со вашиот фризер дали пред се ви прилега оваа форма на фризура.
Извор: Вистина