3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

И Кеба ги виде голите слики на снаа си – Еве како реагираше

Драган Којиќ Кеба ѝ порача на својата снајка Северина дека нејзините порно фотографии се одлични.

Пејачот, како и цела Србија, па и пошироко, ги видоа фотографиите кои кружеа по социјалните мрежи, па Кеба набрзо ѝ пружи целосна поддршка.

„Кеба е многу близок со снајката Северина. Знаеше дека таа жива ќе се изеде поради новата порно-афера во која се најде. Веднаш ѝ се јавил, а таа му рекла дека најмногу ја мачи како нејзиниот син ќе реагира на провокациите од околината кога во септември ќе почне прваче во училиште.

Кеба е добар свекор, не сакаше да ја осудува, туку рече дека цела фамилија Којиќ е со неа.“ – вели извор близок до Којиќ за српскиот магазин „Ало!“

поврзани објави

Последни објави