-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Двесте илјади вмровци ќе му одбиеле послушност на Мицкоски за референдумот: Ванковска прашува – послушност за што?

Две третини од членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот за името, кој ќе се одржи на 30 септември, но доколку таа дропка се претвори во цифра, тоа би значело дека повеќе од 200.000 гласачи на опозицијата не би го поддржале лидерот Христијан Мицкоски во евентуалната намера да повика на бојкот, пишува весникот „Слободен печат“.

Оваа информација, која партиското раководство наводно ја добило по теренските консултации со своето членство, панично го вклучила алармот и предизвикала една голема генерална чистка во вториот ешалон на партијата.

Од врвот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ категорично ги отфрлаат тврдењата и велат дека не одговараат на прашања што се базираат на шпекулации.“

На оваа вест, пренесена и од Плусинфо, реагира професорката Билјана Ванковска:

Плусинфо/Слободен печат станува онион портал/весник Умрев од смеа! Послушност ЗА ШТО? Има одлука Мицковски? Кутрине вмровци се утепаа од нервирање што шефот им молчи како риба и прави пресметки до 10 септември, ама новинариве демек откриле дека ќе му откаже послушност 2/3 од членството, т.е. ќе го поддржеле референдумот! Математички прецизно

Имаше еден виц порано, па ќе го парафразирам: ако сум вмровец, не сум глуп!

Извор: Букефал

поврзани објави

Последни објави