24.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Ганка Цветанова до “Сојуз на борците”: Кого вие манипулирате другари, кога почнала војната не сте биле родени

spot_img

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го искритикува различниот однос на Сојузот на борците кон референдумот за територијалната организација од 2004 година и кон најавениот за 30 септември за договорот Заев-Ципрас.

„За оние со кусо паметење, борците дадоа поддршка на референдумот против територијалната организација во 2004 год. и на митингот во Струга на бината застанавме рамо до рамо“, напиша Цветанова на својот профил на „Твитер“ како реакција на информацијата дека Сојузот на борците даде поддршка за претстојниот референдум и за договорот со Грција.

Во претходниот твит таа ја проблематизира и структурата на членството на Сојузот.

„Кои борци, ви се молам?!? Татко ми има 83 год., што значи кога почнала војната имал 6, а кога завршила 10 год. Не манипулирајте со јавноста и не се подбивајте со борците.

Имајте барем малку почит!“, твитна таа, а во дискусијата што ја поттикна додаде: „Манипулираат и со вистината и со јавноста, а се подбиваат со народот, а во конкретниов случај и со вистинските борци“.

Извор: Експрес

поврзани објави

         

Последни објави