Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.3% и изнесува 5 160 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 1.1% во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 4 683 лицa, а од нив 17 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 477, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 3 413 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје бележат намалување од 19.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.