fbpx
11.8 C
Skopje

Новинарот Васко Ефтов: За првпат се јавува македонски политичар кој сам не дроби, кој не дели по основа какви Македонци сме

АКТУЕЛНО

Досега нѐ делеле, сме учеле во нашите историски учебници дека пропагандите на Србија, на Бугарија, на Грција ја делеле Македонија, го дробеле македонското ткиво. Првпат се јавува македонски политичар кој сам нѐ дроби, кој нѐ дели по основа какви Македонци сме, вели новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов, во денешната емисија „Отворено“ на Тв Алфа.

– Ние се гордееме со едно име кое е историско име, кое е во Библијата запишана, на тоа име, ако немаме 100% ексклузивитет, имаме исто таков ексклузивитет како сите останати народи на Балканскиот Полуостров. Зошто ние би се откажувале од тој ексклузивитет, а тие би го имале тој ексклузивитет?, прашува Ефтов, алудирајќи на членот од договорот за промена на името со кој ние како држава се откажуваме од античкиот период на нашата историја.

 

Новинарот Васко Ефтов вели дека дел од луѓето од бојкотирам се на Ѓорѓе Иванов, дел од оние на Верушевски кој сака да си направи своја опозиција. Тоа го прави одреден систем кој знае како со социјалните мрежи, вели Ефтов за луѓето од “Бојкотирам“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -