Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов денес ќе оствари средби со лидерите на политичките партии, каде ќе разговара за актуелната политичка состојба.
Средбите ќе бидат поединечни. Најпрво ќе се разговара со претседателот на „БЕСА“, Билал Касами, во 13:00 часот со претставници на „Алијанса на Албанците“, потоа во 14:30 часот со Али Ахмети, во 16 часот со Зоран Заев, додека со Никола Груевски разговорот е закажан за 17:30 часот.
Од кабинетот на претседателот Иванов информираа дека понуда имало испратено и до ДПА, но тие не вратиле одговор. По разговорите, се очекува Иванов да се одлучи на кого ќе го додели мандатот за составување на влада.