1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Кривична пријава против градоначалникот на Прилеп

Несовесното работење на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески му носи уште една кривична пријава, поднесена од адвокатот Жарко Стеваноски, поради прекршување на неколку членови, за заштита на имотот на општината.

Спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа и спротивно на чл.51 од Статутот на ЕЛС Општина Прилеп, иако бил должен, не обезбедил заштита на сопственоста на Општината. Конкретно, градоначалникот не склучил полиса за осигурување од штета за 2016. година за зградата на ЕЛС Општина Прилеп, заради што штетата направена на општинската зграда за време на „Шарената револуција“ не може да се надомести ниту по основ на осигурување, ниту пак по основ на одговорност од трети лица, пишува порталот Публикум.

Во сите други градови, кривични пријави заработија членови на „Шарената револуција“, па Марјан Ристески е единствениот градоначалник кој заработил кривична пријава.

поврзани објави

Последни објави