6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

„Џек Спароу“ на работ на банкрот, трошел 2 милиони долари на ден

Популарниот актер Џони Деп, на својата 53. годишна возраст е пред банкрот, соопштува Д Менаџмент Груп, фирма која се грижела за неговите пари, а сега и покренала тужба против него за заостанати долгови. Имено актерот трошел по 2 милиони долари на ден.

„Џек Спароу“ како што многумина го знаат, потрошил 75 милиони долари на 14 куќи помеѓу кои и замок во Франција, и неколку резиденции низ Холивуд и Лос Анџелес.

Покрај овие расходи, актерот потрошил и 18 милиони долари на јахта, 45 автомобили, 700 илјади долари за вино, а имал и над 40 лица персонал, стои во тужбата.

Џони Деп против своите поранешни менаџери исто така најавил тужба, во која бара 13 милиони евра, бидејќи како што тврди тој лошо ги менаџирале неговите пари, земале кредити без негова дозвола и тие се главната причина за доаѓањето на работа на банкротот.

поврзани објави

Последни објави