Животот на Ѓорѓе Балашевиќ не бил секогаш среќен , а на секој концерт музичарот чува по две места.
Ѓорѓе Балашевиќ , музичарот кој обележа цела една генерација е роден во Нови Сад во 1953 година. Од мал сакал да пишува песни ,а во тоа го поттикнувала неговата пет години постара сестра Јасна.
Еден од најтажните моменти во животот на Балашевиќ е смртта на неговата сестра за што никогаш не зборувал јавно.
Мајка му Вероника Елвира матилда Доленц и татко му Јован Балашевиќ не сакале Ѓоле да биде музичар . Тој студирал географија и сакале да го продолжи животот со професијата за која се школувал.
Ниту еднаш не дошле на ниеден концерт на Балашевиќ , но затоа тој во текот на целата кариера настојувал на секој концерт да има две слободни места во публиката, пишуваат српските медиуми.