13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Според Викиликс: Скопје во 2008 година барало да ја нарекува својата  земја ’Северна Македонија’

Лидерот на Неа демократија Киријакос Мицотакис повтори дека нема да го ратификува договорот за името постигнат во јуни, откако од Викиликс беше обелоденета 10 години стара телеграма на американската амбасадорка Џилијен Миловановиќ според која Скопје ќе го прифатело името „Северна Македонија“ и во 2008 година ако договорот предвидувал признавање на „македонски јазик и националност“, пишува „Катимерини“.

„Објавата од Викиликс, дека Скопје барало од 2008 година да ја нарекува својата  земја ’Северна Македонија’ и народот  ‘Македонци’, кој наводно го зборуваат ‘македонски’јазик го потврдува на нанајтрагичен начин она што го зборувам со месеци.

Дека Ципрас,Каменос и Коцијас сакаа да го презентираат овој исклучително штетен договор – кој го задоволува она што Скопје го бараше со години и беше одбиено од сите претходни влади – како успех на Грција“, рече Мицотакис во изјавата.

„Нова демократија нема да го ратификува овој договор“, рече тој.

Класифицираната телеграма со наслов „Што им треба на Македонците да го решат спорот за името“,од 29 Јули 2008 и беше составена тогашниот американски амбасадор во Скопје, Џилијан Миловановиќ.

Како одговор на коментарите на Мицотакис, министерот за надворешни работи, Никос Коцијас издаде соопштение според кое беше познато дека премиерот на ПЈРМ во тоа време, Никола Груевски, не сакал решение на спорот за името.

„Со цел да ги исмева меѓународните играчи, [Груевски] се преправеше дека бил принуден да прифати компромис. Никој не му веруваше, освен, Мицотакис “ наведе Коцијас во соопштението.

Коцијас додаде дека објавувањето на Викиликс покажува Скопје сакаше да го користи своето уставно име ‘Република Македонија’, без никакви измени за домашна употреба – услов што Неа демократија го прифатила.

Тогашната влада на Неа демократија тврдеше дека најдобро решение за спорот ќе биде името ‘Северна Македонија’ што беше отфрлено во неколку наврати од страна на Груевски.

Извор: Експрес

поврзани објави

Последни објави