16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Азем Власи: Вучиќ да не изигрува Милошевиќ во Косово- знаеме како заврши тој и Србите потоа

Поранешниот висок југословенски политичар Азем Власи смета дека доаѓањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Косово и најавениот митинг не треба да биде „имитација на лудите митинзи на Милошевиќ, кои им се удрија од глава на косовските Срби“.

На прашањето на „Данас“ како во Приштина гледаат на доаѓањето на Вучиќ на 9 септември во Зубин Поток, Власи одговари дека „никој во Косово, на тоа не му придава значење“.

Запрашан за коментар за тезата дека Хашим Тачи (чиј советник е Власи) и Вучиќ, всушност, немаат намера за промена на границата, туку се подготвува договор за формирање на српска автономија во Косово во замена за признавање, Власи вели „не разбирам зошто Вучиќ и Тачи би играле криенка“.

Тој исто така се прашува каква би била таа автономија на Србите во Косово кога не би  била „територијално омеѓена“ бидејќи Србите не живеат само на северот туку на цела територија на Косово.

До неодамна, за официјален Белград „прашање над сите прашања беше формирањето на заедницата на српските општини каде Србиоте се мнозинство“.

Но според Власи „Белград оваа заедница ја замислува како инструмент на постојано мешање во внатрешните работи на Косово“.

поврзани објави

Последни објави