24.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

ФОТО: Атрактивната „Росалинда“ го прослави 47-миот роденден со децата и сопругот

Се сеќавате ли на „Росалинда“? Мексиканската теленовела пред повеќе од една деценија беше многу популарна на нашите простори. Главната улога ѝ припаѓаше на Талија, која до ден-денес привлекува огромна публика не само како актерка, туку и како пејачка.

Кога се снимаше серијата, Талија имаше 27 години. Сега, 47-годишната латино ѕвезда не изгледа многу поразлично од тоа време.

Талија го прослави својот роденден со неочекувана забава организирана од нејзините најблиски. Актерката и пејачка, која кај нас е позната по серијата „Росалинда“, сподели фотографии од одбележувањето на 47-миот роденден.

Облечена во шарено здолниште од Версаче, Талија позира пред балони кои го испишуваат нејзиното име и со гламурозна торта.

Заедно со неа славеа и нејзиниот сопруг Томи Мотола и нивните деца – Сабрина и Метју.

Фотографиите измамија многу коментари кај нејзините фанови дека изгледа фантастично за возраста.

поврзани објави

Последни објави