11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ПЕС: Иванов мора да го даде мандатот на СДСМ да формираат влада

Партијата на Европските Социјалдемократи го повика претседателот на Република Македонија, да им даде шанса на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да формираат влада.

Следејќи го неуспехот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ да оформи влада во предвидениот рок, претседателот Ѓорге Иванов мора сега да го предаде мандатот на СДСМ, која е втора партија со најголем број на освоени мандати на предвремените парламентарни избори во Македонија.

„Дојде времето Македонија да има стабилна Влада. Владеачката партија не успеа да достави предлог за влада во предвидениот рок, а одејќи по законите во државата мандатот мора да го добие втората партија со најголем број на пратеници.

СДСМ е партија која доби голема поддршка од македонските граѓани на последните избори. Социјалдемократска влада е тоа што точно е неопходно на државата и јавно го повикувам претседателот Иванов да се придржува според законите“, изјави претседателот на Европските социјалдемократи, Сергеј Станишев.

поврзани објави

Последни објави