Се сеќавате на Освалдо Риос, заводникот кој ги глумеше браќата Луи Давид и Игнасио во хит серијата „Касандра“?
Освалдо Риос (роден на 25 октомври 1960 во Каролина, Порторико, е порторикански глумец, кој е најпознат по неговите улоги во теленовелите. Тој се појавил во неколку сапунски опери, вклучувајќи Прегрниме силно, Касандра и Вдовицата на Бланко.
Згодниот Порториканец, кој беше дел и од актерската екипа во серијата „Прегрни ме цврсто“, денес има 57 години, но сè уште посветено ја одржува својата фит форма. Освалдо Риос стекна светска слава со својата улога во „Касандра“ пред повеќе од 25 години.
Во 1997 година, тој беше во врска и со пејачката Шакира. Пред повеќе од една година, Риос сподели видео во кое Шакира признава дека е во врска со него на ТВ.
Порториканскиот актер, модел, продуцент, пејач и гитарист зад себе има три брака и тоа со актерката Sully Diaz, новинарката Carmen Dominicci и актерката Geraldine Fernández.