Пред само неколку месеци босанската пејачка Дона Арес која се прослави во минатото низ целиот Балкан со нејзините хитови не успеа да ја победи битката со ракот и почина на 40 години.
Пејачката Азра Колаковиќ позната како Дона Арес почина во родниот град Бихаќ, по три годишна борба со ракот на грлото на матката.
Доказ дека пејачката не е заборавена е фотографијата која овие денови кружи низ социјалните мрежи каде таа е во друштво на Тоше Проески.
Зад себе и двајцата оставија голем број на хитови, а дел од коментарите се дека „ангелите веќе се на небото“, погледнете.