0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Сопругот и порача на Сара Мејс: Имаш ли ти грам памет (ФОТО)

Сара Мејс брои ситно до породувањето, а за неколку дена пејачката ќе се оствари во улогата на мајка.

Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски ги прават последните подготовки за пристигнување на новиот член.

Сара  и Димитар деновиве направија фотосесија пред породувањето, а во интервју за „Женски магазин“ отркија како ќе се вика бебето доколку се роди на 8-ми септември.

„Терминот за породување ми е на 9.09. Сѐ уште се мислиме за име, имаме неколку опции, зависи од тоа кога ќе се роди бебето. Но, ако се роди на 8 септември, задолжително ќе се вика Северина, хахаха. Сакам само со лесно да се породам, се да биде во ред, да е жива и здрава“, изјави Сара за спомнатиот портал.

Инаку, деновиве Сара и Димитар славеа годишнина од бракот, па по тој повод беа на планинарење. Ни бременоста не ја спречи македонската пејачка да планинари во природните убавини на Македонија.

Димитар на „Инстаграм стори“ сподели фотографија, а во описот напиша „Ако оваа има грам мозок. Планинар во девети месец“.

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави