7.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Скопско Стајковци со благодарница за Столтенберг за помошта во катастрофалните поплави

Скопско Стајковци го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со благодарница за помошта во катастрофалните поплави пред две години.

Од таму упати порака дека НАТО е секогаш тука да помогне, и е подготвена да ја прифати земјава како членка во алијансата. Но, за тоа да се случи, мора да се имплементира договорот со Грција.

Пред да го посети Стајковци, Столтенберг присуствуваше на свеченото именување на улица во Градскиот парк, која во иднина ќе го носи името на неговиот татко Торвалд Столтенберг, заради помошта на Скопје по земјотресот во 1963 година.

Столтенберг најде време да ги посети и војниците во касарната Илинден, на показна вежба на полкот за специјални операции, од каде порача дека го цени партнерството на алијансата со Македонија.

ИЗВОР: Канал5 – ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави