fbpx
9.8 C
Skopje

Црна Гора ќе го уништи вишокот оружје

АКТУЕЛНО

Денес од министерството на одбрана на Црна Гора официјално е најавен почетокот на спроведување на проектот НАТО Фонд за демилитаризација, во присуство на претставници на НАТО Агенцијата за поддршка и набавка, амбасадата на Германија и Велика Британија.

Акцијата, за којашто НАТО Фондот ќе издвои 700.000 евра има за цел уништување на оружјето на начин кој гарантира безбедност за животната средина и црногорските граѓани, јави РТЦГ. Вишокот оружје ќе биде уништено на некоја локација во Црна Гора.

„По обновата на независноста, Црна Гора наследи големи количини застарено оружје и средства коишто се нефункционални за потребите на Војската на Црна Гора. Црна Гора посветено работеше на решавање на овој проблем преку МОНДЕМ проектот, со којшто успеавме вишокот вооружување од над 10.000 тони да го намалиме за 85 отсто“, изјави државниот секретар Филиповиќ.

Амбасадорот на Велика Британија во Црна Гора, Јан Витинг образложи дека целиот процес на уништување на тие 403 тони старо оружје ќе трае 15 месеци, и дека тоа ќе придонесе за безбедноста на црногорските граѓани.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -