Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, на својата facebook страна напиша:
„За жал во нашата земја многу често се мешаат две вредности кои се користат за оправдување на апсолутни неправилности. Не секогаш тоа што е законски е и морално и обратно, она што е морално е и законски. Во политиката сметам дека нема место за лавирање, постапките на политичарите освен законски би требало да одговараат и на моралот. И ќе дадам пример со министерката во Шведска која си поднесе оставка бидејки беше на коктел, испи чаша вино и седна зад воланот. Полицијата ја провери и констатира 0.2 промили алкохол.
Согласно законот во Шведска до 0.2 промили е дозволено, значи е законски, но министерката си поднесе оставка бидејки не е морално. Каков пример на општеството дава министер кој вози под дејство на алкохол? Тоа се европските вредности, со тоа компромис нема!“
За жал во нашата земја многу често се мешаат две вредности кои се користат за оправдување на апсолутни неправилности. Не…
Posted by Petar Kolev on Friday, September 7, 2018