13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Македонската пејачка и контролорка на летање Мијата ќе отвори музички фестивал во Италија

Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13 бендови од разни земји. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола- изјави Мијата за нашиот портал.

Мијата на 10-ти септември ќе го отвори музичкиот фестивал на контролори на летање во Саленто, Бриндизи- Италија. За овој настап таа создаде свој бенд од врвни музичари, наречен „Контрол фрикс“. Бендот го сочинуваат Иво Митковски на тапани, Петар Димитриовски (Mark Purpose) на клавијатури и Кире Мирчовски на гитара.

„Контрол фрикс“ ќе бидат дел од фестивалот кој ќе се одржи за прв пат оваа година. ,, Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13 бендови од разни земји. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола, а јас им благодарам на моите колеги од Македонија кои ме избраа за свој претставник. Голема чест ми е што нашиот „Контрол фрикс“ ќе го отвори овој историски фестивал со надеж дека ќе прерасне во традиција и здравје можеби и Македонија ќе биде земја домаќин. Се надевам на убава контрола на летање на сцена,,- ни изјави Мијата.

„Контрол фрикс“ ќе имаат настап од цели 40 минути во кој има многу песни кои ги поврзуваат контролорите, како „Crazy“, „Wake me up“, „Move in the right direction“, а секако Мијата нема да заборави ниту на своите „Верувам во себе“ и „Regret“.
Освен нашите „Контрол фрикс“ ќе настапат и контролори од Чешка, Германија, Техеран, Шпанија и други. Мијата е веќе долго време на македонската музичка сцена и иако пред три години го издаде своето првенче најавува втор албум и други интересни перформанси со нејзин потпис во скоро време.

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

Последни објави