4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Имаме но немаме

Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Додаваме години во животот, но не и живот во годините. Парадоксот на нашето време е да имаме поголеми згради, но пократки нерви, пошироки патишта, но потесни видици. Повеќе трошиме, а имаме помалку. Ние купуваме повеќе, уживаме помалку. Имаме големи куќи а мали семејства, поголема удобност и помалку време, имаме повеќе дипломи, повеќе знаење и помалку размислување. Повеќе експерти, па дури и повеќе проблеми, повеќе знаење во медицината и помалку здравје. Пиеме премногу, премногу пушиме, трошиме невнимателно, се смееме премногу малку, се возиме премногу брзо, лесно се лутиме, премногу доцна си легнуваме, се будиме уморни, не доволно читаме, многу гледаме телевизија.

Ги зголемивме нашите имоти, но ги намаливме нашите вредности. Зборуваме премногу, сакаме малку, неретко мразиме. Научивме да преживееме, но не и како да живееме. Ние додаваме години во животот, но не и живот во годините.
Патувавме со месеци, а проблемот е да одиме на улица и да запознаеме нов сосед. Успеваме да владееме со надворешниот свет, но не и со внатрешниот. Правиме големи , но не и подобри работи.

Го исчистивме воздухот, но си ја загадивме душата. Ние го раскинавме атомот, но не и предрасудите. Пишуваме повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме поголема заработка, но понизок морал. Имаме сѐ повеќе и повеќе храна, а ние сме повеќе неблагодарни. Ние градиме посилни компјутери со повеќе меморија, но зборуваме се помалку и помалку. Се стремиме кон квантитетот а забораваме на квалитетот.

Време на брза храна и бавно варење, големи луѓе, но мали карактери, брзи заработувачки и површни односи. Ова е време на мир во светот и војна во куќата. Време на многу можности и малку уживање. Време за разновидна храна и лошо јадење.
Сѐ помалку финансиски проблеми во бракот, и сѐ повеќе разводи, сѐ повеќе луксузни домови, поделени на два дома… Ова се денови на брзо патување, лесна облека и низок морал, сѐ подебели луѓе и таблети што можат да ве расположат, да ве затупат или да ве „убијат“.

Запомнете: Поминете повеќе време со вашите најблиски, бидејќи тие нема да бидат вечно до вас. Кажете љубезен збор за некој кој ве гледа од дното со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе си замине.

Не заборавајте да дадете топла прегратка на некој до вас, бидејќи тоа е богатство кое може да се даде со срцето и тоа нема да ве чини ништо. Не заборавајте да кажете, „Те сакам“ на вашиот партнер и вашите најблиски, но пред се искрено и од срце направете го тоа. Бакнежот и прегратката можат да ја залечат раната, ако дојдат длабоко од срцето. Не заборавајте да ги задржите рацете и да ги цените моментите кога сте заедно, бидејќи еден ден тие луѓе нема да бидат таму. Најдете време за љубов, најдете време за разговор и најдете време да ги споделите вашите скапоцени мисли со другите.

Смејте се често, со долга и искрена насмевка. Смејте се додека не го изгубите здивот. Се случуваат и солзи. Изржете, преболете, преживејте. Кажете им на луѓето дека ги сакате без некоја причина и во секоја прилика, бидејќи животот не се мери со бројот на вдишувања кога дишеме,туку од моментите кои ни го одземаат здивот.

Автор: Фросина Китановска

поврзани објави

Последни објави