14.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

ГДУ: Заев да бара одговорност од протоколот, погрешното знаме за пречекот на Курц е дипломатски скандал

spot_img

Тоа што денеска се случи пред македонската влада со пречекот на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој беше пречекан со погрешно знаме е дипломатски скандал во европски размери, смета ГДУ.

„Вакво нешто е недозволиво и за ваква грешка премиерот Зоран Заев треба да бара одговорност од протоколот. Срамно е за една држава и влада да организира пречек на странски државник со туѓо знаме. Македонија е вест број еден и на странските медиуми, но наместо со некој позитивен пример, ние сме главна вест со дипломатски скандал“, велат од партијата.

Од таму апелираат утре пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел пред да се постави германското знаме на јарболот добро да се провери, протоколот да не го замени со белгиското.

поврзани објави

         

Последни објави