6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Еден од соработниците на Киро Глигоров: Единствени кои беа за независна Македонија беа тие од ВМРО на чело со Љубчо Георгиевски (ВИДЕО)

Еден од некогашните соработници на Киро Глигоров, член и функционер од СДСМ Панде Колемишевски во интервју во емисијата кај Миленко Неделковски пред пет години имаше интересен коментар по повод заслугите кои денеска политичарите си ги даваат за независна и самостојна Република Македонија.

Имено, Колемишевски вели дека нема човек што не лаже и дека гледајќи ја емисијата за независна Македонија разбрал дека сите си припишуваат некаква заслуга.

– Да направам една емисија и да кажам дека во 1990, 1991 година единствен човек, единствена партија, без разлика што во жесток конфликт бев со господинот Љубчо Георгиевски, меѓутоа единствена партија и единствен човек кои беа чисто гласни и јасни за независна Република Македонија беа само тие од ВМРО и Љубчо.

 

 

поврзани објави

Последни објави