fbpx
11.8 C
Skopje

Ситуацијата ескалираше: Пукање за време на посетата на Вучиќ на Косово

АКТУЕЛНО

Неколку стотини Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бање во општина Србица, каде требаше да помине државната колона на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како што јави РТС, а на чии информации се повикуваат и светските новински агенции, по истрелите во селото Трнава, полицијата ја запрела колоната на Вучиќ на пат кон селото Бање.

По истрелите претседателот рече дека пушките не решаваат ништо.

Посетата на Вучиќ на Косово е топ тема во регионот и светот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска е на Косово од каде упати моќна порака.

Тој го посети местото каде е убиен минатата година Оливер Ивановиќ, па порача дека никој нема да го заплашува неговиот народ.

– Некои сакаат со пушти, јас мојот народ нема да го повикам да го прави тоа но запаметете, никој не смее да се изживува така со нас, рече тој.

Демонстрантите сеуште дивеат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -