Градоначалникот на Демир Хисар предизвика сериозен скандал од кој неговата владеачка партија СДСМ нема да може да се опорави долго време.
Во видеото објавено на 3 недели пред референдумот , граданочалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски отворено и јавно им се заканува на вработените во локална образовна институција во која во моментот има и деца дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.
„Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму“, им вели лутиот Стојановски на вработените во училиштето.
Економски Лидер стигна до видеото од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.
Изјавата на Стојановски кој предходно работел во МВР отвара работа за неговата партија СДСМ, МВР, Владата и новата агенција ОТА и открива дека македонските власти не сториле ништо за да спречат илегално прислушување иако решавање на овој проблем под итно беше препорачано и од експертите на Прибе и од Европската коммисија и од највисоките лидери на Европската Унија и НАТО.
Дали Стојановски ќе завшри како другиот градоначаник на СДСМ во Свети Николе кој беше фатен жив како шверцува цигари по што се договори со обвинителството и се уште е на својата функција не може да се предвиди но јасно е дека екс опертивецот на МВР им нанесе ненадоместлива шета на своите партиски другари во СДСМ.
Порталот Економски лидер тврди дека видеото е снимено деновиве во пресрет на референдумот иако на него јасно се гледа дека градоначалникот е облечен во кожна јакна а една од присутните во бунда.
Без разлика кога е снимено видеото градоначалникот на Демир Хисар мора да одговара во најкраток рок. Секое сценарио во кое тој е се спаси од кривичен прогон ќе значи катастрофа за СДСМ како партија и за македонското правосудство.
Заедно со него мора да одговараат и луѓето во владата кои што се инволвирани со прислушувањето за кое тој јавно признава дека се случува.
Видеото во кое се искажани заканите и признанието за прислушување
Извор: Експрес