13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Вечерва приведен градоначалникот на Демир Хисар

Марјанче Стојановски, градоначалникот на Општина Демир Хисар, вечерва е приведен на информативен разговор во полиција.

Непосредно пред приведувањето беше објавена снимка на која се слуша како на вработените во детската градинка во Демир Хисар им кажува да не забораваат дека доаѓа од МВР и дека ги слуша нивните разговори.

„Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања“, им вели тој на вработените во училиштето, кои велат дека со денови им врши притисок и добиваат закани од општината за нивни разместувања или отпуштања од работе, во пресрет на референдумот на 30-ти септември.

Извор: Фокус

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави