6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

„Мојата приказна – Македонија“ – нова книга на екс премиерот Љубчо Георгиевски

„Мојата приказна – Македонија“ е насловот на новата книга чиј автор е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, а која, според наши информации, треба да излезе од печат во наредните денови.

Новиот труд на Георгиевски, кој е сега на чело на вонпарламентарната ВМРО-НП, е на околу 300 страници, на кои под поднаслов „Каде оди Македонија“ се третираат политичките случувања во земјата од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година па до потпишувањето на договорот со Грција и подготовките за референдумот на 30 септември.

Во книгата, според информациите, се поместени и повеќе документи и декларации што македонските институции ги донесувале во изминатите повеќе од две и пол децении.

По заминувањето од активната политика, ова е втор авторски труд на Георгиевски, кој ја извршуваше премиерската функција во периодот 1998-2002 година, а беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ од основањето на партијата до 2003 година.

Потоа, по судирот со Ниоола Груевски ја формираше ВМРО-НП. Претходната негова книга беше автобиографска, по наслов „Тоа сум јас“ и излезе од печат во 2012 година.

Целиот напис прочитајте го на Независен.мк – ОВДЕ 

поврзани објави

Последни објави