Екс претседателот на Достоинство и генерал Стојанче Ангелов во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 дебатираше со некогашниот директор на државен Архив Филип Петровски.
На прашањето за ставот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за референдумот, двајцата соговорници влегоа во жесток вербален конфликт, секој со свои аргументи.
– Не се согласувам со тврдењето на Филип Петровски дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е за бојкот. Самата изјава на Мицкоски е двосмислена, но тој јасно нагласи дека граѓаните сами треба да одлучат. Според мене, актуелниот лидер јасно порачува: Одлучете сами, а неговото мислење е дека секое решение треба да биде потврдено или одбиено на референдум, вели Ангелов.
На ова Филип Петровски му возврати: Доколку е така, дотолку полошо за него.
На оваа негова реченица, Ангелов се насмеа прашувајќи го Филип Петровски дали планира да го заземе лидерското место на Христијан Мицкоски со само 500 гласови на државно ниво.
– Вие, Филип Петровски со освоени 500 гласови зборувате дека ќе го земете местото на Мицкоски. Па знаете ли Вие дека ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија и вие се сомневате во лидерот? Вие со ова го омаловажувате, не го почитувате неговиот став, вели Ангелов и притоа додава: После изборите да дојдеме во оваа иста емисија и да видиме колку гласови ќе освои Христијан Мицкоски а колку Вие, Филип Петровски.
Ангелов вели дека тој како лидер на Достоинство барал прекин на преговорите со Грција, но граѓаните гласале за партиите кои сепак во своите политички програми имале ветено решавање на овој проблем со Грција, вклучително еден од тие е и Филип Петровски.