4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

БМВ произведува нови модели, но ги задржува и старите

Од БМВ произведуваат се понови модели, овде пред се спаѓаат SUV и Crossover, кои имаат голем број на побарувачка, но и покрај тоа, и натаму се произведуваат и „класичните“ автомобили.

Најнов модел е караванската Серија 5 (ознака G31), која е наменета пред се за постарите љубители на БМВ. Главна промена кај оваа серија е тоа што е полесна за 100 килограми, во однос на претходните.

Продажбата на најновиот модел ќе започне во јуни, откако претходно ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева. За купувачите, ќе има можност да изберат и помеѓу бензиски и дизел верзии.

поврзани објави

Последни објави