13.8 C
Skopje
Saturday, June 14, 2025

Шеќеринска нервозно го нападна Николовски – жестока дебата на Алсат (ВИДЕО)

Дебатата на емисијата 360 на Алсат М во која учествуваа вицепремиерката Шеќеринска, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски а која требаше да ја води Васко Попетревски заврши неславно.

Откако во неколку наврати не успеа да ја исконтролира Шеќеринска Попетревски кој важи за еден од најдобрите македонски телевизиски новинари се откажа од својата улога на водител и дозволи двајцата гости практично сами да ја водат дебатата.

Атмосферата ја загреа Шеќеринска која невообичаено за неа беше вознемирена, се уфрлаше во збор, му поставуваше прашања на Николовски а не му даваше збор да ги одговори а притоа избегнуваше да зборува за Преспанскиот договор.

Во обид да ја избегне темата на емисијата Договорот од Преспа и референдумот вицепремиерката постојано се навраќаше на 11 годишното владеење на сегашната опозиција, на Никола Груевски и Сашо Мијалков, на амнестијата и бомбите.

Николовски кој само на моменти не можеше да се воздржи својата соговорничка ја персираше а таа му се обраќаше на ,,ти”.

Во еден момент Шеќеринска се обиде да каже дека Николовски лично и рекол дека треба да се гони Мицкоски но по реакцијата вицепремиерката се повлече откако најверојатно сфати дека нејзината изјава може да заврши со тужба за лага и клевета.

Во жестоката препирка Николовски меѓу другото изјави дека тој никогаш нема да биде во група со луѓе како Шеќеринска, Заев, и Црвенковски кои сториле национално предавство и капитулација.

Извор: Експрес

поврзани објави

     

Последни објави