Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од протестниот марш во Штип ја критикуваше власта за Договорот со Грција и порача дека граѓаните имаат право на борба до последен здив.
-Велат никогаш не треба лидерот да го видат на колена неговите следбеници. Но, јас имам одговор: Ако претседателот и лидерот не клекне на колена пред неговите следбеници, тогаш не ја заслужува нивната доверба.
Стојам пред вас како пријател и човек загрижен за истите работи. Не смееме да имаме тајни меѓусебе. Туку отворени срце и добри намери. Формираат комисија која ќе ни ја ревидира историјата.
Спроведуваат одредба од Договор кој во моментов не е на сила, само за да му се допднат на Ципрас и Коѕијас, рече Мицкоски.