Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, преку својот фејсбук профил реагираше дека е лажна веста дека ќе гласа „за“ на референдумот.
– „Лажна вест е дека сум рекол дека ќе гласам “за” на референдумот. Напротив, реков дека срце не ми дава да заокружуам “за”. Јасно кажувам дека ќе гласам ПРОТИВ договорот, а за ЕУ и НАТО.
Ќе си го напишам сам прашањето, и вака ќе си го одговорам“, напиша Тодоров.