Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ вчера го постигна својот 500. гол во кариерата, на гостувањето на неговиот тим ЛА Галакси кај Торонто, натпревар кој домаќините го добија со резултат од 5:3.
Фантастичниот Ибрахимовиќ со спектакуларен удар ја затресе мрежата на противниците, а тоа беше неговиот јубилеен 500. гол во кариерата.
Пред почетокот на натреварот ѕвездата на тимот беше пречекан од голем број на навивачи, па без двоумење одвои дел од своето време да подели автограми.
Едно од дечињата кои беа присутни пред стадионот со сите силе се „бореше“ да дојде до Златан, но напаѓачот не успеа да го забележи. Кога изгледаше дека малиот навивач ги загуби сите шанси, Ибра се врати и се потпиша на неговото чело.
Zlatan signed this kid’s face. #Zlatan500 pic.twitter.com/yn3jgaDhCX
— Adam Serrano (@AdamSerrano) September 16, 2018
I just can’t believe this happened. pic.twitter.com/shUc6sdodJ
— Adam Serrano (@AdamSerrano) September 16, 2018