-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ивица Дачиќ: Србија ќе дозволи влез на Косово во ОН “Кога врбата ќе роди грозје“

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија ќе го признае Косово и ќе се согласи на неговиот прием во Обединетите нации „кога врбата ќе роди грозје“.

На прием во Грчката амбасада во Белград, Дачиќ изјави дека Србија секојдневно добива разни пораки од Косово, кои се „надвор од реалноста“, односно дека се бара менување на границите, но без никакви територијални отстапки од косовска страна.

– Ни велат дека не сакаат корекција на границите, а сакаат да ги добијат Прешево и Бујановац? Многу биле паметни.

Знаете кога ќе се случи тоа, кога Косово и Метохија ќе влезат во ОН и ќе ги признаеме како држава? Кога врбата ќе роди грозје, изјави Дачиќ пред новинарите.

Дачиќ изјави дека една од опциите кои се спомнуваат од косовска страна е Србија да го признае Косово, а за возврат мнозински српските општини на северот на Косово да добијат одредено ниво на автономија во управувањето, што, според него, исто така не е прифатливо.

поврзани објави

Последни објави