14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Крвнички се препукуваа, а сега најавија соработка

Тој ја прозиваше дека нема стил, дека изгледа страшно и не знае да се облекува, а таа преку отворено писмо му реплицираше дека со денови не се будел од алкохол и седативи.

„Драмата“ на популарниот стилист и водител Сергеј Варошлија и сопственичката на салон за убавина, Бети Цонева, има среќен крај. Во последната епизода од своето ТВ-шоу „Мода“ на 1ТВ, Варошлија наеднаш го смени мислењето за Цонева, ги објави нејзините последни фотографии споделени на „инстаграм“ и ѝ порача дека е убава жена со одличен стил која претходно била под влијание на „некои блиски другарки“ кои лошо влијаеле на нејзиниот изглед.

Дека и во Македонија јавните личности полека учат како функционира шоубизнисот е и најавата дека дочерашните лути ривали подготвуваат заеднички проект кој Сергеј вечерва ексклузивно го најави.

Сергеј Варошлија се струпули на подот во најновото издание на блокот за мода “ во „Отворено студио 1“ на „1ТВ“.

На познатиот стилист му се слоши откако почна да го коментира физичкиот изглед и фотографиите на Бети Цонева или позната како Бети „Сикрет“.

Претходно се беше во ред, но кога се појавија фотографиите на Бети, е тука веќе Варошлија не можеше да продолжи понатаму.

Погледнете како тоа изгледаше:

Извор: Женски магазин

поврзани објави

Последни објави