Миленко Неделковски во видео го коментира статусот на Бобан Нонковиќ во кој тој шпекулира околу можноста денес да е откриен кртот во ВМРО-ДПМНЕ кој им го дал програмот за работа на избори на конкурентската СДСМ.
Бобан за Нино.
Posted by Миленко Неделковски on Monday, September 17, 2018
Ова е текстот на Бобан Нонковиќ, кој Миленко погоре го коментира:
Неколку месеци пред предвремените парламентарни избори во 2016 година (оние што СДС со Американците и покрај тоа што ги украдоа, сепак ги изгубија со 20 илјади гладови помалку од ВМРО-ДПМНЕ), се јави скандал во дотогаш владејачката партија во однос на дотогаш беспрекорниот систем “Hahw 1+3”, што е всушност компјутерски програм за агитирање и регистрирање на гласачи, по кој ВМРО газеше сѐ до изборите во 2016 г.
Тој програм, всушност во партијата го донесе Никола Тодоров, а наводно го има изработено истиот ИТ-експерт што го креира и системот “Мој термин” во рамки на Министерството за здравство, додека Тодоров е министер.
Е, сега, скандалот пред изборите во 2016 г. беше дека “некој” тој програм за предизборно делување на ВМРО (со членови, гласачи, симпатизери на партијата, но и потенцијални гласачи што треба да се посетуваат и убедуваат во три турнуси), наводно го предал на СДС и Американците и дека тие по истиот ги обработуваат/купуваат членовите, гласачите и симпатизерите на ВМРО, но и пред сѐ неутралните со цел да го дадат својот глас за СДС.
Тогаш, сомнежите во Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ дека го предал овој програм на конкуренцијата, беа на неколку луѓе. Но, мислам дека одговорот на оваа трилема, денеска го добија сите, а пред сѐ партијата чиј екс-претседател Груевски, секојдневно се покажува дека имал најлош кастинг во историјата на политички плурализам во Македонија!