Тешка сообраќајка се случи вечерва на булевар Србија во населбата Ново Лисиче во Скопје. Пикап со велешки таблички удрил во баба, дедо и тригодишно дете кои оделе пешки, пишуваат жителите на оваа скопската населба на социјалните мрежи.
По несреќата бабата и детето веднаш се пренесени во Ургентниот центар каде лекарите се борат за нивниот живот. Жителите на скопски Аеродром пишуваат пораки на фејсбук профилот на градоначалникот Златко Марин.
„Господине Марин, пред 10тина минути, на булевар Србија, на пешачкиот премин пред полициската станица, беа “собрани”, со брзината на светлината, баба, дедо и нивното внуче.
Детето го вадевме од под автомобилот. Бабата повредена, ја реанимираа на лице место. Детето го однесоа со брза помош веднаш после бабата. Дедото, во бесознание, со тупаници, се удираше по главата и лелекаше. Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин.
Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7ца на Лото. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети. Благодарам – пишуваат жителите.