6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Зоран Витанов: Ако не и оди на фирмата, го менувате раководството, а не името

Претседателот на комората на менаџери, Зоран Витанов, денеска беше гостин на 24 Анализа, каде беше заедно со советникот на премиерот Зоран Заев, Ванчо Узунов и Трифун Костовски. Тој кажа дека на една фирма ако не и оди, ако пропаѓа, ако во неа се краде, ако краде магационерот, ако краде директорот, не се менува името на истата за да тргне работата.

-Многу е наивно, инфантилно е ако ние мислиме дека сега ќе ни дојдат нашите деловни партнери, нашите добавувачи, нашите клиенти и тоа најголемите, највлијателните и да не убедуваат дека ако го смените името на фирмата, вие веќе внатре нема да крадете, извештаите ќе ви бидат позитивни итн.

А плус и кога го сменивме менаџментот, истите магационери, едниот се вика Амди Бајрам, другиот се вика Али Ахмети, третиот се вика не знам како, истите магационери ни останаа во магацинот, тие што ни правеа загуби. Едниот од нив го викаат Тендер Бег, изјави Витанов.

На ова советникот на Заев, Ванчо Узунов вели дека мала земја не може да ги смени правилата, туку може да ги прифати или да остане сиромашна.

-Ние куварот, магационерот и директорот може да ги смениме наредниот ден, изјави Узунов.

На ова Узунов доби прашање од Витанов зошто не се тие сменети.

поврзани објави

Последни објави