Знам колку моќни пријатели имаат Грците, знам колку ни е тешка позицијата, добро е што се најде еден човек што ќе го реши ова прашање кое ја мачи државата повеќе од 20 години. Јас сметам дека е навистина тешко да се носи еден таков процес, сум бил во таква позиција, сум бил на одговорна фунција која може да решава, вели екс премиерот Љубчо Георгиевски на 24 анализа на телевизија 24.
Не сакам како поединец да му одмогнам на Заев, но среќен сум и што не сум во неговата кожа. Ќе излезам на референдумот и оние кои сметаат на мојот авторитет како политичар ги повикувам да излезат на референдум.