7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Граѓаните нон стоп ми пишуваат пораки на телефон, одговарам на три до пет илјади пораки дневно и сум во тек со сите проблеми

Остануваат уште 10 дена до референдумот, а политичките партии се растрчани по митинзи и средби, водејќи ја својата кампања. Премиерот Зоран Заев, во разговор за „Би-Би-Си“ на српски јазик, соопшти дека прима по неколку илјади пораки и е убеден дека расположението во Македонија е позитивно.

„Одговарам на три до пет илјади пораки дневно. Тоа значи дека сум во тек со сите проблеми а тоа е предноста на малите земји. Знам дека расположението во земјата е позитивно. Прашање е дали на гласањето ќе излезат доволен број на луѓе, затоа што на референдум не излага иста бројка на луѓе како и на изборите“, посочи Заев.

поврзани објави

Последни објави