ВАГА (23.09 – 22.10)
Од 2 до 27 октомври, ќе бидете позборлести од вообичаено. Сепак, внимавајте на договорите, преговорите или потпишувањата, бидејќи постои можност да не ви се познати сите детали. Во деновите околу 13 октомври, некој ќе ве повлече да донесете одлука или да преземете активност што не ви била планирана.
Што се однесува до љубовниот живот, комуникацијата со партнерот ќе е поактивна, од било која причина. Можно е вашиот партнер/ партнерка да има потреба што треба да биде завршена со ваша помош, па време е да се вклучите.
РАК (22.06 – 22.07)
Она што е пред вас, е прилично активен период, исполнет со состаноци и патувања. Ова е исто така не е добар месец за инвестирање во недвижнини.
Бидете внимателни во врска со сезонските настинки, посебно во првиот дел од месецот. Негрижата, како и нехигиената исто така можат да ви донесат проблеми со здравјето. Ова ќе биде еден посебно нестабилен месец, во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста.
Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве одалечи од секојдневните проблеми