Загрижен татко со сите сили се труди да и овозможи услови на својата ќерка, за нејзиното студирање во Шкотска да оди без некакви потешкотии. Станува збор за индиски милијардер, кој за таа цел планира да вработи 12 луѓе кои ќе дадат се од себе, за неговата ќерка да биде задоволна.
Имено, таткото на својата ќерка и купил хотел, па девојчето ќе може да ужива во студиите на престижниот Универзитет „Сент Енруз“.
„Семејството посакува искусен персонал“, стои во огласот, а платата изнесува околу 30.000 фунти годишно.
Во огласот се бара гувернер, келнер, врвен готвач, три слугинки, шофер, градинар, домари и управник на хотелот.
Управникот на хотелот се бара да биде „енергична и ведра“ личност, а ќе има задача да ги надгледува останатите вработени во хотелот.
Слугинките ќе имаат задача само да ги отвараат вратите на студентката кога ќе можат, а исто така да ја сервираат и раскренуваат масата за јадење.
Ќерката има само една задача – дома да се врати со добри оцени.