Имаше еден човек кој прозбори, ДА за независна и самостојна македонска држава, ДА за македонска армија, македонска валута, македонска репрезентација, македонска култура и традиција, наспроти сеење на страв дека не можеме САМИ без да ни биде наметнат некој кон кого ќе гледаме како БОГ на земјата (во случајот ТИТО) како што беше всушност во Југославија.
Судирот меѓу визијата за сопствена, слободна држава и сомнежот во капацитетот на сопствениот народ да опстои во независноста беше видлив, беше огромен, а оние кои во тоа време се водеа од стремежот за независна и слободна Македонија беа спремни дури и да загинат за таа нивна идеја да стане реалност. Во тие клучни моменти за државата, кога граѓаните на Република Македонија рекоа ДА за Независна Македонија, дел од нашите политичари уште калкулираа и чекаа да видат како на тоа ќе реагира Белград и Милошевиќ.
Во тоа време, иако млад и неискусен, но сепак со голем борбен дух, со голема бунтовност во себе, се појави името и презимето Љубчо Георгиевски, иконата на ВМРО-ДПМНЕ во тие времиња, партијата чиј лидер ја предводеше борбата за конечно осамостојување на Македонија. Човекот кој што испиша навистина убава историја за Македонија, кој предвиде и антиципира многу работи, човекот кој предупредуваше за сето она кое што може да ни се случи доколку не почнеме сериозно да се зафатиме со проблемите и предизвиците кои доаѓаат со времето.
Почнувајќи од тоа да почнеме да живееме со братска Бугарија онака како што треба, да го решиме прашањето со нив на начин кој ќе овозможи поголем мир, поголема економска благосостојба за граѓаните на двете земји. Што да кажеме за спорот за името, кој можевме да го решиме многу одамна и да се затвори прашањето со многу помали последици, односно да добиеме договор со кој ќе “добиевме“ име кое ќе биде само за меѓународна употреба. Ако се вратиме малку наназад ќе се присетиме на можеби најгорливиот проблем, албанското прашање, односно идејата за размената на територии со која ќе добиевме конечен мир и разграничување со албанците бидејќи ТИЕ БЕА одговорни за тензиите и тие дигнаа оружје на довчерашните соседи и пријатели. На тој начин, ќе решевме една дузина на прашања кои после 27 години сега мораме да ги решаваме со огромни последици за нашата држава. За да биде иронијата уште поголема, токму сите овие прашања денеска се решаваат од луѓе кои во 90-те, но и потоа кога Георгиевски се обиде да направи чекор напред, да оди кон решавање на споровите, беше директно опструиран и оцрнет, прогласен за “предавник“ , „татар“ итн итн… За проблемот и парадоксот да е уште поголем, неговите наследници во партијата ВМРО ДПМНЕ сакајќи сопствено промовирање и устоличување не само што ја прифатија туку и ја проширија таа црна кампања.
Својата посветеност и искрена љубов кон државата и народот Георгиевски ја презентираше можеби нај еклатантно за време на кризата со прислушкувањето и бомбите кога по цена кон себе да ги насочи сите отровни стрели од двете страни, повика да дојде до договор помеѓу актерите за да не се предизвика додатно поларизирање на и онака поделениот народ по сите основи, затоа што тоа може да предизвика меѓумакедонски судир кој и речиси се случи и само чудото не спаси да не дојде до поголеми последици на 27ми Април.
На крај, слободно може да ставиме прст и за КОНСУЛТАТИВНИОТ РЕФЕРЕНДУМ КОЈ РЕЧИСИ НИШТО НЕ РЕШАВА. Георгиевски повика да се поддржи и да се излезе иако неговата идеја обзнанета многу оддамна беше да не се инволвира непотребно народот во сето тоа, да не се поставува во многу непријатна ситуација на тешка ЕМОТИВНА ОДЛУКА , бидејќи политиката е прагма, таму нема емоции. Тоа требаше и МОРАШЕ ДА ГО РЕШАТ ОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧАРИ кои не “возат со сто на саат“, (некои и рикверц) туку со “300 на саат“….ФЕРАРИ ЗА ПОЛИТИКА, ТОА Е ТОЈ/
Пишува: Марио Милчевски