Како што најавивме се до понеделник територијата на нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, сува и многу топла воздушна маса од југ која не е вообичаена за овој дел од годината па така до понеделник температурите на воздухот ќе растат и највисоки ќе бидат токму во понеделник кога истите ќе се искачуваат во интервалот дури од 27 до 35 степени, анализира Славчо Поповски.
Времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец а ќе има и мала до умерена локална облачност.
Веќе од понеделник попладне и навечер поради продор на значително постуден воздух од север ќе започне да дува засилен ветер од северен правец а облачноста ќе започне да се зголемува па така во ноќните часови кон денот вторник на север ќе има слаби локални врнежи од дожд а веќе во вторник зголемена облачност ќе има на повеќе места и ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Температурите на воздухот ќе бидат во големо опаѓање и тоа за период од многу кратко време и истите на многу песта ќе опаднат дури за повеќе од 10 степени, понекаде дури и до околу 15 степени и веќе од вторник истите ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 22 степени.
Поради големиот пад на температурите на воздухот не се исклучува можноста на повисоките планини да провее и малку снег.
Да напоменеме дека овие температури на воздухот кој ги очекуваме веќе од вторник ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски од нормалните дури за околу 10тина степени што значи од значително повисоки температури за овој дел од годината одине на значително пониски.
Сето ова многу лошо ќе влијае врз голем дел од граѓаните а особено врз метеопатите.