3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Почесниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка „ЗА“ референдумот: На 30 септември да гласаме „ЗА“ европска Македонија!

Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски, а воедно и екс премиер и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ излезе јавно во спот за кампањата „Излези за европска Македонија“ да го поддржи референдумот на 30 септември.

Георгиевски е познат во јавноста како контроверзен политичар кој повеќе од 10 години бара решавање на овој спор, а тој е и еден од првите македонски политичари кој бараше јавно промена на името во Република Северна Македонија, предлог кој за него е достоинствен и поради кој конечно ќе се спасиме од додавката БЈРМ.

Пред неколку денови тој гостуваше во емисија на Телевизија 24, каде одговори на повеќе интересни прашања, меѓудрогото тој и тогаш силно го поддржа референдумот и кажа дека ќе го даде својот глас „За“.

поврзани објави

Последни објави