2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стевче Јакимовски: Повикувам Заев да го донесе Ципрас тука и заедно да го прочитаат и објаснат Договорот за името!

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски го повика премиерот Заев да го донесе грчкиот колега Алексис Ципрас и заедно да го прочитаат Договорот од Преспа, за да нема двојно читање на договорот во Скопје и Атина.

Според него, само на тој начин граѓаните на Македонија ќе се осигураат дека се признава македонската нација и македонскиот јазик

-Доколку тоа го направат Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе биде јасно дека нема двојно читање на Договорот, дека досега ништо не не лажел. И тогаш ние сериозно ќе ја преиспитаме одлуката дали ќе бојкотираме. Во спротивно, јасно е дека овде во СКопје и секаде надвор не лаже Зоран Заев, а во Атина Алексис Ципрас, рече Јакимовски.

Во спротивно, Јакимовски вели дека власта ќе се соочи со бојкот каков што не можела ниту да претпостави.

поврзани објави

Последни објави