2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Три љубовни приказни кои ќе ви го разнежат срцето (ВИДЕО)

Во време кога искрените емоции не се на цена, добро е да се потсетиме на примери кои го демантираат таквиот став: вистинската и доживотна приказна помеѓу двајца е можна, а овие парови тоа и го докажале!

Фред Стобах од САД ја оженил Лорејн во 1940 година. Им се родиле три деца, а нивната љубов од почетокот била среќна. Кога Лорејн по 73 години брак починала, срцето на Фред му било доживотно скршено. Месец дена по смртта на својата сопруга наишол на оглас за локален натпревар во пишување на песни, и ако немал слух, ниту на каков било начин се занимавал со музика, решил да напише песна во спомен на својата драга. Така настанала една од најубавите љубовни песни – „ Sweet Lorraine “.

Студиото „ Green Shoe “било воодушевено и одлучиле да ја снимат неговата песна. Тогаш е направен и краток документарец за Фред и неговата љубов.

Прославиле 81 годишнина од брак

Ана, родена во семејство на сириски имигранти, имала 17 години кога се вљубила во Џон (21). Тие двајца пораснале во исто маало во САД, а потоа станале пријатели во средно училиште. Нејзините родители, меѓутоа не биле среќни поради таа врска, бидејќи таткото на Ана планирал таа да се омажи за 20 години постар маж.

Младиот пар не сакал да се откаже од својата љубов, па во 1932 година избегале во Њујорк. И покрај тоа родителите не биле премногу загрижени бидејќи не верувале дека врската ќе потрае. За среќа на Ана и Џон – се излажале: На 24 ноември 2013 година брачната двојка прославила 81 година од бракот, со што привлекле големо медиумско влијание.

Овој јубилеј го прославиле со своите пет деца, 14 внучиња и 16 правнуци. Тој тогаш имал 102, а таа 98 години.

Се чекале еден со друг 60 години!

Само три години по венчавката на Ана Козлов и Борис, тој морал да оди во Црвената армија. Иако била подготвена да го чека, Сталин ја прогонил Ана и нејзиното семејство во Сибир од каде не можела ниту да му пишува на својот сопруг. Борис така ги поминал годините од животот обидувајќи се да ја пронајде, но целосно изгубиле контакт.

Ана била толку скршена од болка што размислувала за самоубиство. Нејзината мајка тогаш ги уништила сите спомени од Борис, вклучувајќи ги и фотографиите од венчавката, како и нивните стари писма. После некое време Ана повторно се омажила, а Борис се оженил. Годините минувале, па двајцата ги изгубиле сопружниците, а потоа се случило чудо.

Ана го посетила родното село, во кое Борис и таа некогаш живееле. Додека одела по улицата во далечината здогледала постар маж, а срцето веднаш и заиграло, бидејќи тоа бил Борис, кој дошол во селото да го посети гробот на своите родители. Здогледувајќи ја Ана дотрчал до неа, и сите сеќавања им се вратиле. Повторно се венчале и конечно живееле како сопруг и сопруга.

поврзани објави

Последни објави