Еден Сириец на Твитер и другите социјални мрежи ги моли луѓето да му помогнат да ја пронајде својата ќеркичка Алса (5), од која хрватските полицајци го одвоиле на граница и го вратиле во Босна и Херцеговина.
Несреќниот човек раскажува дека неодамна со група мигранти успеал преку Бихаќ да влезе во Хрватска и по два дена пешачење стигнал на подрачјето на Смољанац недалеку од Плитвичките езера.
A single father from Syria looking for help finding his five-year-old daughter! pic.twitter.com/5C3Vby8BWZ
— adrie (@adrie_v1) September 22, 2018
„Немавме храна и само застанав во локалната продавница да купам некои продукти, вода и грана. Тука ме фати хрватската полиција, ме пикна во автомобил и ме врати назад во Босна. Им реков дека тука ми е ќерката, ги молев да не не раздвојуваат. Не ми веруваа“, раскажува Сириецот во потресното видео објавено на Твитер.
Тој не знае каде му е детето и ги моли сите кои знаат нешто да јават во полиција во Велика Кладуша или во најблиската полициска станица. Објави и мапа на местото каде девојчето е последен пат видено.