-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колев го поклони историскиот алманах „Македонија“ на тимот на Conservative.mk

Претседателот на Граѓанско демократска унија- ГДУ, Петар Колев, подари алманах „Македонија“ на тимот на Conservative.mk, порачувајќи дека никој не може да изгради стабилна иднина, ако не го познава своето минато. Петар Колев, како претседател на единствената конзервативна партија во Македонија, Граѓанско демократска унија беше гостин и дел од дебатата „Разбирајќи го конзерватизмот“ на промоцијата на аналитичкиот и идеолошки центар „Conservative.mk

Албумот-алманах “Македонија” e простран фото-документарен труд, објавен во Софија во 1931 година.

За неговото издавање е формиран уредничкиот комитет во состав: Илија Иванов, Александар Развигоров и Димитар Ризов. Алманахот е подготвен со учеството на Лазар Томов и Стефан Аврамов и со помошта на голем број истакнати бугарски и странски јавни и културни дејци – меѓу кои Богдан Филов, Александар Теодоров-Балан, Иван Снегаров, Љубомир Милетиќ, Стефан Младенов, Константин Станишев, Густав Вајганд, Леон Ламуш, Енрико Дамиани и други. Алманахот беше разгледан и одобрен за печатење од Македонскиот национален комитет во Софија.

Во 10 поглавија на над 1.000 страници е објавен исклучително богат илустративен материјал (околу 3500 фотографии) за географскиот опсег и историската судбина на Македонија. Дадени се описи на десетици села, претставени се архитектонски и уметнички споменици, традиционални народни носии, обичаи и други. Голем е бројот на статиите за народни просветни дејци од Македонија, истакнати духовници и борци за самостојна бугарска просвета и црква, за раководни дејци на ВМРО и учесници во Илинденското востание, учесници во револуционерните борби до почетокот на 1930-тите години, пријатели и бранители на Македонија. Објавени се статистички табели за демографијата на Македонија. Објавените текстови се на бугарски и француски.

Во периодот 1944-1989 година изданието е инкриминирано и систематски е запленето од библиотеки и од приватни лица, поради што станува библиографска реткост.

поврзани објави

Последни објави